Денеска е меѓународен ден на семејството

15 мај е меѓународен ден на семејството, прогласен од Генералното собрание на Обединетите Нации.

На овој ден не само што празнуваме, туку обрнуваме внимание и на мноштвото проблеми во семејството.

Кога човекот чувствува тежини, тој има потреба од поддршка, а таа доаѓа најчесто од семејството.

Нека секој од нас обрне внимание на своите најблиски, на своите деца и родители, па дури и на постарите, кои често ги забораваме. Така семејството ќе биде среќно и сплотено, а ако има повеќе среќни семејства и општеството ќе биде подобро. Не заборавајте да се сакате и да давате се од себе за семејството, бидејќи тоа се единствените луѓе кои би го направиле истото за вас, апсолутно безрезервно и бесплатно.

Прочитај повеќе: Зошто ништо не е поважно од семејството

- Реклама -