Меѓународниот ден на позитивно мислење се одбележува денеска, 13 септември.
Овој празник го осмислила др. Кристен Харел, психолог и тренер, која вели дека приметила ефикасност од позитивно мислење во борба против хроничните заболувања.
„ Откако ми кажаа дека медицината повеќе нема што да ми понуди, освен повеќе операции на моето колено, почнав да ги истражувам алтернативните начини за лечење. Открив моќ меѓу поврзаноста на умот и телото, односно ставот може да има позитивен впечаток на нашето здравје“, вели др. Харел.
„Ова откритие ја пробуди во мене желбата да им помогнам на другите да живеат позитивно“, додава таа.
Харел користи свој сајт за да го промовира денот на позитивното размислување.