Денес Кармен слави полнолетство

Денес Кармен слави полнолетство, порасна Кармен, пораснаа и Мали и Диме и Ице и Бени и Џејлан и сите ние што бевме деца кога се цртавме пред телевизор кога почнуваше Наше Маало.

Зградата Кармен денес слави 18 години, особено горда на тоа што нè учеше кај луѓето да ги цениме квалитетите, а не потеклото или религијата.

А, ние сме горди што ја помогнавме продукцијата на првата детска серија „Наше маало“ која промовираше соживот и меѓуетничко разбирање, напишаа од USAID Macedonia.

Еве ви и епизодичка, да се потсетите на едно убаво детство.

- Реклама -