Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи – му порача Меџити на Уставен суд

Одбележувањето на Денот на албанската азбука се најде во време на жестока дебата која предизвикува непотребни тензии, рече вицепремиерот Изет Меџити на денешната Свечена академија по повод Денот на албанската азбука што се одржа во Владата. Според него, ваквата дебата е поттикната да се дефокусира јавниот интерес и да се направат кризи таму каде што ги нема.

Според Меџити, Уставниот суд, наместо институција која треба да ги чува правата и слободите на граѓаните, се претвори во институција кон која сите фрлаат оган, гнев и стрели.

– Ниту едно добиено или спроведено право не може да се укине или ограничи бидејќи ако сакаме луѓето да бидат третирани еднакво во мултиетнички општества тогаш наша должност е да им обезбедиме или гарантираме уживање и остварување на стекнатите права и слободи, рече Меџити во обраќањето.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Тој упати повик до институциите да ја вршат нивната работа во согласност со надлежностите.

– Очекувам Уставниот суд да се занимава со аспектите на човековите и граѓанските права и слободи и да не се впушта во политички размислувања за актуелни прашања и да остане непристрасен арбитер и подалеку од политички влијанија кога носи одлуки, рече Меџити.

- Реклама -