Големата студија, која би требало да ја пресече бескрајната расправа за тоа дали антидепресивите се ефикасни или се само „продавање магла“, потврдува дека тие лекови навистина ја ублажуваат акутната депресија кај возрасни лица. Но…
Меѓународната студија, објавена во Lancet, е направена со анализа на резултати од 522 испитувања, а опфаќа 21 тип антидепресиви кои најчесто се препишуваат, и над 120.000 пациенти.
Резултатите, освен што покажуваат дека некои лекови се поефикасни од други, покажуваат и дека некои имаат несакани споредни ефекти.
Сите лекови опфатени во студијата, вкупно 21, меѓу кои има и генерички и новопатентирани лекови, се поефикасни од плаецо – т.е. лажни лекови во форма на зашеќерени таблети кои им се даваат на контролните групи (лековите, за да бидат одобрени, треба да покажат поголем ефект од плацебо). Меѓутоа, дури и тие плацебо лекови се подобри против депресијата – која денес мачи еден на секои 20 луѓе на планетава – отколку ништо.
Тоа што најмногу изненадува во студијата е што два од најпознатите и најупотребуваните антидепресиви во светот – Prozac (fouoxetin) во САД, и Citalopram во Велика Британија, имаат релативно слаб ефект, во смисла на учинок.
Друго големо прашање е зошто антидепресивите кај некои пациенти делуваат, а кај други не, потоа зошто е потребно така долго време да почнат да делуваат (од неколку седмици до неколку месеци), а потоа и КАКО делуваат; науката тврди дека го успоруваат повторното користење на важниот невротрансмитер серотонин, чиј недостиг влијае на расположението, апетитот, спиењето и концентрацијата.
Уште едно големо прашање на кое допрва се бара одговор е и какви се споредните ефекти од долготрајното земање антидепресиви. Најголемиот дел од луѓето престануваат да ги земаат во првата година откако им се пропишани. Сепак, постои големо малцинство кое антидепресиви зема долготрајно, бидејќи се обиделе да живеат без нив и утврдиле дека не можат.
Според СЗО, во светот депресивни се околу 300 милиони луѓе. Дури и во богатите земји, каде фармаколошката и психолошката терапија се достапни, дури секое шесто лице со депресија зема ефикасен лек. Во земјите со ниски и средни примања, терапија прима секој 27-ми пациент.