„Делта Ерлајнс“ ќе вработува само целосно вакцинирани

Чикаго, 1 септември 2021 (МИА) – „Делта Ерлајнс“ соопшти дека целосната вакцинација против Ковид-19 ќе биде услов за ангажирање 1.500 нови стјуарди и стјуардеси.

Авиокомпанијата нагласи дека сите нови вработени како и сегашните вработени, примени на курс за обука за кабински екипаж, мора да бидат вакцинирани пред почетокот на курсот.

Делта го објави ова неколку дена откако ги предупреди своите вработени кои не сакаат да се вакцинираат дека ќе треба да платат дополнителен придонес за здравствено осигурување од 200 долари месечно.

- Реклама -