Официјално: Дејвид Мојс е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед потврди дека Дејвид Мојс ќе биде наследникот на Сер Алекс Фергусон, тој потпишува шест годишен договор со Црвените Ѓаволи.

По препорака од Сер Алекс Фергусон, бордот на Манчестер Јунајтед го назначи Дејвид Мојс за негов наследник.

50-годишниот стратег официјално ќе го превземе кормилото на Јунајтед на 1 јули кога ќе истече неговиот договор со Евертон.

Дејвид Мојс кој потекнува од Глазгов, исто како и Сер Алекс Фергусон, постигна договор за шест годишна соработка со Јунајтед.

„Голема чест е да се биде менаџер на Манчестер Јунајтед, среќен сум што Сер Алекс Фергусон ме препорача за оваа работа. Имам огромна почит за се што има направено тој за клубот” – изјави Дејвид Мојс.

„Свесен сум колку тешко ќе биде да се наследи најдобриот менаџер на сите времиња, но можноста да се води Манчестер Јунајтед не се укажува многу често, гледам позитивно кон следната сезона”.

По 11 години на клупата на Евертон, Мојс го напушта Гудисон Парк.

Прочитајте и:  Фудбалерите на Јунајтед бараат Ван Нистелрој да остане

„Фантастичните фанови на Евертон имаа огромен допринос да уживам во престојот на Гудисон Парк сите овие години, им благодарам за сета поддршка која ми ја даваа мене и на фудбалерите”.

„Евертон ќе биде со мене до крајот на животот”.

Сер Алекс Фергусон има само убави зборови за Дејвид Мојс.

„Кога дискутиравме за кандидатите кои мислевме дека ги имаат вистинските атрибути, едногласно одлучивме дека следен менаџер треба да биде Дејвид Мојс” – изјави Сер Алекс Фергусон.

„Дејвид е човек со голем интегритет и силна работна етика. Долго време се восхитував на неговата работа и во 1998 година дискутиравме за позицијата асистент менаџер тука”.

„Тој беше млад човек кој ја почнуваше својата кариера, изврши фантастична работа во Евертон. Мојс ги има сите квалитети кои се очекуваат од менаџер на овој клуб”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -