Дејвид Боуви со нов сингл по цела деценија

Точно на неговиот роденден, 66-годишниот Боуви на iTunes утринава го објави својот нов сингл ‘Where Are We Now?’. Синглот е најава за албумот што ќе следува во март – ‘The Next Day’.

Боуви нема настапувано во живо од 2006 година, и ретко беше забележуван во јавност, со што почнаа да кружат гласини за неговото здравје. Неговиот последен албум ‘Reality’ беше издаден во 2003.

bou

Ѕвездата ја одби и понудата да се појави на церемонијата на отворањето на Олимписките игри минатата година и покрај заложбите на режисерот Дени Бојл.

- Реклама -