Дефинитивно е: Македонија без Кире Лазаров до крајот на првенството

По само 11 минути во натпреварот против Шпанија, поради незгодна повреда на задниот десен бутен мускул нашиот капитен Кире Лазаров мораше да го преседи остатокот на клупата за резерви.

Прв околу неговото опоравување нé разочара Раул Гонзалес, кој и по самиот меч против Шпанија изјави дека не верува дека Кире ќе се врати до крајот на првенството.

Според информациите од утрово, Кире заминал на пат во Загреб, каде во специјализирана ортопедска клиника требало да направи дополнителни прегледи.

Во меѓувреме, и ЕХФ на својот Твитер профил го потврди скептицизмот на Раул. „Не беше сјајна ноќ во Вараждин“, пишува ЕХФ. И Кире Лазаров и германскиот ракометар Пол Друкс се надвор до крајот на првенството. „Се надеваме дека ќе ги видиме на теренот наскоро“, порачува ЕХФ.

 

- Реклама -