Дефектни гранатите за минофрлачи произведени во Украина, украинското МО ги истражува причините

Министерството за одбрана на Украина денеска соопшти дека активно ги истражува тврдењата дека домашно произведени гранати од 120 милиметри за минофрлачи не функционираат правилно на фронтот веќе три недели.

– Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат на можен лош квалитет на барутни полнења или кршење на условите за складирање на муниција, што довело до оштетување на гранатите, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува „Политико“.

Една од 10 украински гранати за минофрлачи од 120 милиметри од последната серија експлодира на фронтот, јавија украинските новинари претходно овој месец, наведувајќи бројни поплаки од војниците.

Прочитајте и:  Турција бара од САД да биде изземена од санкциите за рускиот гас
- Реклама -