Дефектен премиер ставен на продажба на интернет

NAVAZ[1]

По објавувањето на „Панама Пејпрс“, анонимен корисник на eBay го постави пакистанскиот премиер Наваз Шариф на продажба. Незадоволниот (од работата на политичарот) продавач веќе доби понуда и од 90.000 долари.

„Бескорисниот пакистански премиер Наваз Шариф на продажба“, стои во описот под огласот, опишувајќи го Шариф како „нов, но со дефекти“.

„Не е во работна состојба. Никогаш не работел. Има недостатоци и не функционира од раѓање. Таква е целата серија на овие производи. И неговото семејство е со генетски недостатоци и корумпирано. Земете го и ослободете нé од оваа болест“.

Огласот експресно се рашири на Интернет; можеби затоа што во пакет со Шариф, како „подарок“ се нуди и неговиот брат Шабаз (гувернер на провинцијата Пенџаб)?

На посериозната страна, во аферата со „Панама Пејпрс“ се покажа дека многу членови на семејството на Шараф се поврзуваат со оф-шор компании, што предизвика големо незадовоство кај Пакистанците. Меѓу нив се споменати и трите деца на Шараф, за кои податоците велат дека поседуваат недвижности во Лондон, на име на една оф-шор компанија регистрирана преку „Мосак Фонсека“.

- Реклама -