Home 365 Денес Дефект на робот во складиште на Amazon, 24 работници завршија во болница

Дефект на робот во складиште на Amazon, 24 работници завршија во болница

0
Дефект на робот во складиште на Amazon, 24 работници завршија во болница

Во складот на Amazon во Њу Џерси настанал дефект на еден од роботите што ја сортираат и складираат робата, при што дошло до оштетување на палета со пепер спреј за одбрана од мечки. Силниот солзавец се проширил преку вентилацијата по целиот склад, во кој работеле над 80 работници. Поради ефектот од спрејот, 24-ца завршиле во локалните болници, а на други 30-тина веднаш им била укажана медицинска помош.

Роботите кои преместуваат роба се вообичаен модел на работа во складовите на Amazon. Но овојпат тоа може да прерасне во голем проблем.

„Амазоновите автоматизирани роботи ги ставија луѓето во ситуација опасна по живот. Ефектите од спрејот можат да бидат катастрофални. За повеќе од 80 работници долгорочниот ефект (последиците) се непознати. Веќе не смее неказнето да се дозволува најбогатата компанија на светот да ги доведува во ризик животите на луѓето кои напорно работат“, критикува Стјуарт Еплбаум – претседател на американскиот Синдикат за трговија (RWDSU), за ABC News.

Ефектите од спрејот

Amazon продава повеќе видови пепер спреј против мечки. Како и солзавецот, спрејот за одбрана/одбивање на мечки е направен од исклучиво лути пиперки (со главна состојка капсаицин). Во затворен простор, што е случај и во овој инцидент, ефектот е уште поизразен и поопасен отколку што би делувал надвор.

Еден од работниците во болница е доведен во критична состојба, пренесува ABC News. Кај останатите работници кои биле донесени во болница дијагностицирани се силни проблеми со очите, грлото и дишните патишта. Некои од нив и повраќале. Сепак, утешно е што повеќето набрзо ќе бидат пуштени на домашна нега.

Amazon: Безбедноста на работниците ни е на прво место

Најголем продажен гигант и една од највредните (парична вредност) компании во светот, во која работат околу 575.000 луѓе ширум светот, Amazon баш и не е позната по добриот третман на работниците. Во неколку наврати се соочуваше со критики за лошите работни услови и малите плати, а таквите во САД згаснаа дури пред два месеца, кога Amazon објави дека го качува минималецот на 15 долари од час и дека значително им ги покачува платите на околу 250.000 трајно вработени, како на околу 100.000 сезонски работници (кои Amazon ги ангажира во периодот околу божиќните празници).

Меѓутоа, инцидентот со роботот ги враќа критиките за лошите работни услови на голема врата. Од компанијата порачуваат дека „безбедноста на работниците им е најголем приоритет“ и истакнуваат дека веќе е во тек внатрешна истрага за инцидентот. Но бидејќи зборуваме за САД, а не за Македонија, логично е да се очекуваат и серија тужби од работниците.

Некои ќе речат дека ваков дефект може секаде да се случи и дека компанијата Amazon не е виновна. Други, пак, ќе речат: „карма“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here