Дедо Мраз бил измислен од Кока Кола?

Повеќе...

Вистинската приказна за Дедо Мраз изгледа е најголемата мистерија на сите времиња. Како што верувањата се различни така и урбаните легенди во земјите од светот, за некои е тоа светецот Никола, за некои митски бог, во некои земји е толкуван како лош дедо кој краде деца, а на некои толку им се совпаднал со нивниот производ што го искористиле во нивните реклами.

Некои веруваат дека Дедо Мраз потекнува од Христијанстото, други веруваат дека е митскиот бог Один, а некои пак мислат дека токму компанијата Кока Кола го измислила во раните години на ХХ век за да им се зголеми продажбата на нивниот производ преку зимскиот период. 
Еве неколку објаснувања за историјата на Дедо Мраз:
Рано Христијанство. 

stnicholas.jpg

Оваа приказна за Дедо Мраз вели дека тој бил христијанскиот бискуп Св. Никола од Мира. Тој им давал подароци на сиромашните жени за во нивниот чеиз допуштајќи им што побрзо да пронајдат сопруг и да ја избегнат проституцијата. Ликот на Св. Никола сеуште може да се види на некои божиќни поштенски марки во Германија. 
Во Белгија и Холандија се претпоставува дека Дедо Мраз е скандинавскиот бог Один, бог на мудроста, војната и смртта. Легендата вели дека Один правел забави за другите богови за време на божиќните празници за да им дадат почит на паднатите воини, а дека тој на забавата пристигал јавајќи го неговиот коњ Слепнир. Децата во овие држави имаат обичај во нивните чорапи да ставаат слама, моркови или шеќер за коњот на Один, за кои пак, тој им возвраќал со подароци кои им ги оставал во ноќта додека спијат. 
Народните приказните од јужна Австрија и северна Италија го опушуваат овој човек како страшно и ужасно чудовиште кое јаде деца. Како што оди приказната тој бил голем демон прекриен со влакна по телото (или наречен уште и Крзнениот Никола) кој ноќе им се прикрадувал по домовите, ги убивал селските деца и ги земал со себе преку оџакот за подоцна да ги изеде. Но како по некое време тој бил маѓепсан, така бил и казнет, а казната која требало да ја одработи за да надокнади за изедените деца била да им остава подароци во оџакот. За побрзо да ја одработи казната морал да задолжи да му помагаат и неколку ѓаволчина зашто во спротивно ќе одел во Пеколот.

dedo_mraz.jpg

Во Британската верзија Дедо Мраз или Таткото Божиќ, бил брадест човек облечен во волнен зелен капут. Во Америка пак, земјата на претопената модерна цивилизација, помодерен е и митот за Дедо Мраз. Како што на сите ни е познато тој е весел старец кој во придружба на неговите ирваси им разнесува подароци на децата за Божиќ. 
Митот, пак, Кока Кола – Дедо Мраз е дека компанијата во раните ’30-ти години од минатиот век почнала да користи слики од овој Божиќен Дедо како симбол во нивните реклами, а секако, нивните карактеристични препознатливи бои, црвената и белата, совршено се совпаднаа. Единствено за што сме сигурни е дека Дедо Мраз не го измисли Кока Кола како што вели урбаната легенда. Но без разлика од каде и да потекнува, и какви се верувањата, она што е препознатливо за него во сите земји се љубезноста, благородноста, великодушноста и дарежливоста, се’ она што е во духот на Божиќ. А дали вие верувате во Дедо Мраз? [[Santa_Claus]]
- Реклама -