NAIAS 2013: Деби за Audi RS7 Sportback

Audi во Детроит пред јавноста го претстави суперспортското издание RS 7 Sportback со 560 коњски сили.

Петвратното елегантно купе Audi RS 7 Sportback е опремено со 4,0 TFSI V8 мотор со максимална моќност од 560 КЅ и максимален вртежен момент од 700 Nm. Aвтомобилот може да изврши класичното забрзување од 0 до 100 km/h за 3.9 секунди, а по желба на клиентот, од компанијата можат да го отстранат електронското ограничување на брзината, па како резултат на тоа, автомобилот може да развие до 305 km/h.

1121

Според фабричките податоци од Audi возилото троши само 9.8 литри гориво на 100 километри, а за ова помага и системот за деактивирање на половина од цилиндрите и роботизирана осумстепена трансмисија. Дополнителна стабилност на патот се гарантира со приспособливо воздушно потпирање и стандардниот, за секој од претставниците на RS 7 Sportback, систем за погон на сите четири тркала – quattro.

111111

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

 

- Реклама -