Де Кро: Белгија размислува да испрати Ф-16 во Украина

Белгија размислува дали да ги испорача своите борбени авиони Ф-16 на Украина, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро.

Белгија ги заменува своите Ф-16 со борбени авиони Ф-35, а нејзиното Министерство за одбрана претходно соопшти дека Ф-16 се премногу стари за Украина да ги користи во борба, иако Де Кро рече дека тие сè уште можат да бидат корисни, на пример за обука на пилоти.

„Побарав од Министерството за одбрана да види каква употреба би можеле да имаат нашите Ф-16 во Украина“, рече Де Кро, говорејќи на маргините на состанокот на Генералното собрание на ОН во Њујорк, додавајќи дека мора да ги разгледаат сите опции.

МИА

Прочитајте и:  Телеграф: Стармер и Макрон ќе се обидат да го убедат Бајден да дозволи напади врз Русија
- Реклама -