Дејвид Бекам на првата „машка“ насловна на „Ел“

Фудбалерот Дејвид Бекам е првиот маж што самостојно ќе ја краси насловната страница на модното списание „Ел“. Иако досега се појавувале мажи во списанието, тоа секогаш било со партнерка до нив.

Бекам на насловната носи обична сива маичка со кратки ракави, покажувајќи ги големиот број тетоважи на дефираните раце. Во фото-репортажата на првите страници на списанието тој е фотографиран како излегува мокар од базен, без маичка и со тесни кожени панталони.

Панталоните се со потписот на „Диор“, а фотографиите ги направи фоторепортерот Даг Инглиш.

Главната уредничка на „Ел“ Лорин Кенди истакнала дека Дејвид е национален херој и голема британска икона, а списанието одамна ја почитува традицијата за пласирање икони на своите насловни. Таа додала дека бројот сигурно ќе ги освои и жените и мажите, затоа што нема некој што не сака да го гледа еден од најзгодните мажи во светот.

- Реклама -