Фолк пејачката вели дека благодарение на имотната состојба на нејзиниот сопруг, целата своја заработувачка ја инвестира во кариерата и така опстанува во шоу-бизнисот.
– Признавам дека во моите години е вистински терор пред публиката да се биде беспрекорна, негувана, дотерана, секогаш различна и млада. Мора да се вложи во себе и да се вежба. Целото богатство го давам на тоа бидејќи сето тоа се инвестиција во кариерата. Трошам 120 проценти од заработката, така да се каже, бидејќи трошам и пари од Милан. И благодарам на Бога што и тој добро заработува- се пожалила Дара Бубамара.
Темпераментната пејачка вели дека статусот на ѕвезда пејачка макотрпно се гради и дека јавно никогаш не смеат да ја покажат другата страна на својот занает.
– Луѓето секогаш ме гледаат дотерана и нашминкана, а не знаат дека можеби само пред половина час сум била запотена бидејќи од тезгата (настап) сум патувала со комбе дванаесет часа. Мојот живот пред нив изгледа луксузен, бидејќи целата заработка ја вложувам во кариерата, купувам скапи фустани, чевли, јадам во скапи ресторани за да го одржам својот статус на ѕвезда- вели таа, но вели дека тоа е единствениот начин на кој сака да се презентира.
Сепак, тврди дека е во толку лоша состојба како некои нејзини колешки.
– Да не се лажеме, се чувствува силна криза во естрадата бидејќи порано 50 од нас пејачите редовно се сретнувавме на аеродромите, додека денес работиме само десетина.