Данска ја победи Шведска за полуфинале на ОИ


Репрезентацијата на Данска е третиот полуфиналист на машкиот ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз. Данците денеска беа подобри во скандинавското дерби од Шведска со резултат 32:31.

Швеѓаните им создадоа најголеми проблеми на Данците во досегашните натпревари на турнирот, но на крајот сепак немаа сили за изненадување.

Најефикасен во натпреварот беше Питлик со девет гола, додека во редовите на Шведска седум постигна Феликс Клар.

- Реклама -