Даниловски: За 2-3 месеци може да стекнеме колективен имунитет, за кого ќе се вакцините?

„Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами, на природен начин“, смета епидемиологот д-р Драган Даниловски во „Студио 10“ на ТВ24.

Според некои пресметки, истакна тој, досега во Македонија со инфекција биле опфатени, асимптоматски или со симптоми, некаде меѓу 42 и 45%, односно околу 750.000 граѓани. Со оваа динамика, за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, смета Даниловски.

За кого, тогаш, ќе се вакцините? – прашува епидемиологот, посочувајќи дека епидемијата стивнува, но потенцирајќи го и нерасположението за вакцинирање, при што околу 49% од граѓаните не се ентузијасти да се вакцинираат.

Во однос на британскиот сој на вирусот, за кој се смета дека е за 35% позаразен од оригиналниот тип, Даниловски вели дека тоа не треба да нѐ изненадува. „РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често“, посочува професорот, додавајќи дека очекува дека веројатно ќе заболат повеќе луѓе и ќе има и повеќе починати. Затоа поригорозно ќе треба да се носат маските и повеќе да се внимава на дистанцата, смета тој.

 

- Реклама -