Данилов: Само наше полноправно членство во НАТО ќе биде сигурна гаранција за безбедноста на Украина

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана – Алексеј Данилов, смета дека полноправното членство на Украина во НАТО ќе претставува сигурна гаранција за безбедноста на таа земја.

„Полноправното членство на нашата земја во НАТО е сигурна гаранција за нашата безбедност. Но, потенцирам, полноправно членство. Сега некои почнуваат да промовираат тези за некаква мешавина, за некакво ‘меко’ членство и слично. Во современиот свет тоа не функционира така“, објасни тој во интервју за РБЦ-Украина.

Гаранција за безбедноста на Украина, според Данилов, на прво место сѐ Украинците, Вооружените сили на Украина и достапноста до модерното оружје.

На почетокот на септември Украина поднесе барање за забрзан пристап во НАТО. Тогаш генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, истакна дека одлуката за пристапување мора да биде одобрена од сите 30 земји-членки на блокот.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина би сакала да има безбедносни гаранции на патот кон НАТО. Според него, Украина веќе ја покажала својата моќ на бојното поле.

МИА

- Реклама -