Светското првенство во ракомет ќе се одржи од 15 јануари во Катар, а Даниел како еден од изведувачите на химната замина во поддршка на нашите ракометари.
Кајмакоски на патот кон Доха направи неколку фотографии од авионот и истите ги објави на социјалните мрежи.
„Чао Виена, Здраво Доха. Светско првенство во ракомет во Катар 2015 доаѓаме. Ајде Македонија, го можеш тоа, донеси го дома!“. напиша Даниел како коментар на визуелните кадри од летот.