Откако секаде се прошири веста дека Даниел се уште ги очекува парите и автомобилот кои што гги доби на X factor се појави Кајмакоски со нова изјава за Телеграф.
– Токму во моментов сум во „Делта-центар“ каде треба да го подигнам автомобилот. Требаше уште во вторникот, но немав можност. Си има договор и точен датум за тоа, вели даниел.
Во однос на веста дека се уште не ги добил наградите тој вели:
– Малку ми е непријатно поради написите што ги читав. Но, ете, разговорот беше изваден од контекст и сметам дека малку се претера, додава победникот на музичкото шоу.