Данците останаа без селектор, Хјулманд поднесе оставка

Untitled design – 1


Каспер Хјулманд повеќе не е селектор на репрезентацијата на Данска откако поднесе оставка од оваа функција.

По Европското првенство, Хјулманд се сретна со челниците на Фудбалскиот сојуз на Данска и двете страни заклучиле дека е време за разделба.

На селекторската позиција на данската репрезентација, Хјулманд беше од 2020 година, а најголемиот успех го оствари на Европското првенство во 2021 година каде што Данска стигна до полуфиналето во кое доживеа елиминација од Англија.

Во Германија на неодамна завршеното Европско првенство Данска настапот го заврши во осминафиналето со пораз од домаќинот Германија (0:2). Претходно со три нерешени натпревари успеа да ја помине групата во која играше со Словенија (1:1), Англија (1:1) и Србија (0:0).

Успеа Хјулманд да ја одведе Данска и на Мундијалот во Катар, но таму не се прослави и оваа селекција настапот го заврши во групната фаза.

Негов наследник ќе биде Мортен Вегхорст кој ќе ги води Данците до 2025 година. Во тој период Данска ја чекаат натпревари од Лигата на Нации каде што се во група со Србија, Шпанија и Швајцарија.

- Реклама -