На пакувањата со шеќер нема рок на траење. Тој практично може да се користи неограничено време. Но, зошто?
Како што знаеме повеќето, белата сладост не се расипува.
Кога бактерија или мувла ќе “нападне” прехранбен производ, неа и е потребен кислород, но најмногу вода, за да живее и да се размножува. За таа ја цел користи водата која се содржи во речиси секоја храна.
Во шеќерот сепак ја нема. И кога бактеријата или мувла се впушта таму, едноставно умира. Ова важи и за кафеавиот шеќер.
Принципот е ист како кај солта – затоа и двете се користат како конзерванси.
Од истата причина не се расипуваат ниту чајот.