Дали ви треба нова перница?

Перниците, како и се друго, имаат „животен век“. Ако не се сеќавате кога последен пат сте ја смениле вашата и сакате брзо и лесно да проверите дале е време за нова, пробајте го следниов тест:

Свиткајте ја перницата на половина, истиснувајќи го воздухот. Ако спонтано не се врати во првобитната, тоа е знак дека треба да се упатите кон продавницата и да набавите нова. Во спротивно, освен ако не почуствувате макар и благ мирис на мувла, можете без грижи да ги користите перниците од 3 до 5 години. После тој период, тие започнуваат да ја губат еластичноста и поддршката за вашиот врат.

DownBedPillowsVer2

Перниците исто така апсорбираат и прав, мртви кожни клетки и микроскопски паразити, па дури и вашите пернице да се „исправни“, не е лоша идеја да ги менувате на 1-2 години. Кога ќе дојде време, внимателно изберете нова, во зависност од вашата омилена поза на спиење.

- Реклама -