Дали сте доволно храбри да преминете преку овој мост?

Во Русија се случуваат многу луди работи, па разбирливо е тоа што во оваа земја се наоѓа и најстрашниот пешачки мост во светот.
Добредојдовте на Скајбриџ. Не изгледа застрашувачки, се’ додека не погледнете надолу!

desktop-1412278195 (1)

Мостот е долг еден километар и се простира над шумата во долината Краснаја Полјана, што се наоѓа на југо-западот од Русија, во близина на Сочи.

009602600_1411457968-sochi-suspension-bridge-10_6_

Мостот беше официјално отворен во јули и во моментов го држи рекордот за најдолг висечки мост наменет за пешаци.

desktop-1412278188

Овој мост дефинитивно не е за оние со слабо срце. Сепак, неговите конструктори тврдат дека може да издржи тежина на 30.000 луѓе одеднаш.

desktop-1412278190

Мора да се признае, околните пејзажи се навистина прекрасни. Но, кој би можел да се фокусира на глетката, додека подлогата постојано се ниша и тресе под влијание на ветровите?

desktop-1412278190 (1)

Еве ја и главната платформа за набљудување. Голем број на храбри авантуристи секојдневно скокаат „банџи“ одовде.

desktop-1412278193

Во видеото во продолжение можете да се уверите за тоа колку застрашувачко искуство е посетата и пешањето по овој мост.

- Реклама -