Се изнаслушавме дека најсиметричните фацијални карактеристики се и најпривлечни. Често, како пример се наведува Дензел Вашингтон и неговото перфектно лице. Но, дали тоа е целата вистина?
Reddit-орот SaritaOsita23 неодамна објави пост во кој подели еден куп портрети од славни фаци на симетрични половини, давајќи ни можност да ја воочиме симетријата на секој од нив. Она во што можеме да се увериме е дека некои од познатите ѕвезди имаат совршено симетрични лица, а сепак човештвото не им го доделува атрибутот „убави“, додека некои од совршените модели на класична убавина имаат далеку од симетрични лица.
Па, во што се крие убавината? Во симетријата? Можеби во карактерот?