Еве еден интересен квиз од BBC каде вие сте во улога на научник-форензичар кој треба да реши серија убиства направени од убиец кој често ги надмудрува оние што го прогонуваат. Квизот, кој е дел од BBC документарецот „How to Commit the Perfect Murder“ не бара да имате познавања од судска медицина и нема да ве оценува, иако секое прашање води до детално објаснение за разновидните аспекти на оваа наука. Па, CSI обожаватели, спремни? [Could you solve the perfect murder?]