Дали може да се стане отпорен на диета?

На некој начин-да. Едно истражување покажува дека, колку повеќе видови на диети се испробуваат, толку станува потешко да се намали телесната тежина. Хроничното ограничување на бројот на внесени калории, предизвикува зголемено лачење на хормон герлин, одговорен за чуството на глад, а за сметка на тоа, се намалува лачењето на хормонот на ситост-лептинот.

Исто така при држење на диета, се намалува и мускулната маса, одговорна за забрзување на метаболизмот. Диетата, која можеби била ефикасна во минатото, веќе не е толку ефикасна при повторно практикување на истата, ако претходно се намалила мускулната маса. Избегнувајте ги напорните диети и фокусирајте се на внесување на нискокалорични намирници и тоа во умерени количини. И секако, внесете ја физичката активност, како дел од режимот за слабеење.

- Реклама -