Дали мажите и жените имаат различни мозоци?

Повеќе... Истражувањата покажаа дека мажите и жените имаат различна структура и различни поврзувања во мозокот што покажува дека тие исто така различно ги користат своите мозоци. Дали навистина сме толку различни?

women_men_think.jpgИстражувањата покажаа дека мажите и жените имаат различна структура и различни поврзувања во мозокот што покажува дека тие исто така различно ги користат своите мозоци. Дали навистина сме толку различни?

На научниците оддамна им е познато дека мозокот кај жените и мажите незначително се разликува, но тие сметаа дека тие разлики се ограничени на хипоталамусот, делот од мозокот што го контролира сексуалниот нагон и нагонот за храна. Научниците признаваат дека мажите имаат поголем мозок од жените. Но квантитетот не е се, уште нешто што научниците го признаваат е дека тоа се должи на фактот што мажите се физички покрупни. Не е се во големината.

Во 2001, истражувачите од Харвард открија дека одредени делови од мозокот се со различна големина кај мажите и кај жените. Студијата откри дека деловите од мозокот за решавање проблеми и донесување одлуки и оној за регулирање на емоциите се поголеми кај жените. Кај мажите, пак, поголеми се деловите вклучени во просторната перцепција и амигдалата – делот што го регулира сексуалното и социјалното поведение. Мажите, исто така, имаат речиси 6,5 пати повеќе сива материја во мозокот, одошто жените, но пред мажите задоволно да воздивнат, уште еден факт: жените имаат за 10 пати повеќе бела мозочна маса отколку мажите.

Прочитајте и:  Ако целосно веруваш во себе секоја врата ти е отворена

Мажите повеќе ја користат сивата маса која е полна со активни неврони, а жените белата која содржи повеќе врски меѓу невроните. Оттаму, мозокот кај жените работи побрзо. Некои жени имаат и до 12% повеќе неврони одошто мажите. Тоа е причината зошто жените се подобри во совладувањето на јазици и комуникацијата. Но тоа не значи дека големината и квантитетот има некоја поврзаност со интелегенцијата и околу тоа да се дојде до заклучок дека мажите или жените се поинтелегентни. Истражувањата покажале дека за извршување на  една потполно иста задача се активира еден дел од мозокот кај мажите, а сосем друг кај жените. Значи, различни сме, ама еднакви.

- Реклама -