Според англиските медиуми Ливерпул го претставува новиот тренер во петок.
Според ESPN во потесниот круг се нашле Клоп, Ди Матео и Анџелоти, но управата се решила за Клоп.
Од други извори пак, се дознава дека Клоп веќе се сретнал со комитетот за трансфери на клубот и бил подготвен да работи со фудбалерите кои клубот веќе ги купил.
Интересно е што Клоп веднаш изразил желба клубот да ја врати назад неговата легенда Стивен Џерард во улога на помошник тренер.