Додека еден тип луѓе се среќаваат со некого, се запознаваат, стапуваат во брак и среќно си живеат до крајот на животот без премногу размислување; друг тип луѓе стојат во супермаркетот со часови, размислувајќи дали млекото има преголема или премала масленост. Во кој тип луѓе спаѓате Вие?
Додека еден тип луѓе се среќаваат со некого, се запознаваат, стапуваат во брак и среќно си живеат до крајот на животот без премногу размислување; друг тип луѓе стојат во супермаркетот со часови, размислувајќи дали млекото има преголема или премала масленост. Во кој тип луѓе спаѓате Вие?
Ако размислувате сиво…
Оние што размислуваат во сивата зона, имаат поголеми потешкотии при носењето одлуки, поради поголемата амбивалентност. Ним вистинскиот избор не им е веднаш јасен. Но, според последните психолошки студии, неодлучноста има и свои позитивни страни. Овој тип луѓе подобро се справува со сложеноста на светот, поотворени се кон гледиштата на другите и повеќе сочувствуваат. Можеби најважен е фактот што тие луѓе најдобро се снаоѓаат во ситуациите со зголемен стрес, затоа што можат да чувствуваат тага, истовремено со надежта. Но, кога станува збор за професионалниот живот, неодлучните работници имаат непостојани резултати. Иронично, луѓето што размислвуаат сиво имаат поголеми шанси и да се разведат и да останат подолг период во лоша врска.
Ако размислувате црно-бело…
Луѓето што веднаш знаат кое е вистинското решение долго време се сметаа како карактерно најсилните. Најдобар пример се докторите што работат во ургентните центри и кои знаат што треба да сторат во само неколку секунди, со тоа спасувајќи голем број животи. Сега, психолозите ја претставуваат и другата страна на приказната – одлучните луѓе можат да стапат во брак поради само една добра причина, без да ги земат предвид останатите аспекти. Дополнително, комбинирајте ја одлучноста со клиничката депресија и ќе добиете човек што секогаш ќе ја гледа негативната страна на нештата, дури и кога не постои негативна страна. Од друга страна, луѓето што размислуваат црно-бело немаат проблем да се искажат и речиси никогаш не жалат за направените одлуки. Изненадувачки, овие луѓе најчесто имаат поквалитетни врски. Со оглед на фактот што во секоја врска има и негативни и позитивни нешта, овој тип луѓе одлучуваат да се фокусираат на позитивините нешта што им се важни.
Најбрз начин да донесете одлука
Кога има ситуација во која одговорот не е веднаш јасен, најдобро е да се водите од претчувстата. На пример, ако сте добиле предлог за брак и не можете да се одлучите – фрлете паричка. Кога ќе падне паричката, по сопствената реакција, ќе знаете кои ви се вистинските чувства. Ако пак размислувате за купување на автомобил и ги земате предвид сите негови аспекти (цена, ефикасност, изглед итн.), најдобро е да го најдете нештото што најмногу се истакнува (или врвното нешто кај тој специфичен автомобил) и да се водите според тоа. Кога ќе ги поедноставите нештата, одлуките секогаш изгледаат полесни. [Why So Many People Can’t Make Decisions]