Неодамна кога HTC го презентираше својот предводник ja започна својата презентација со споредба со Apple.
Најголемата конкуренција – „јаболкото“ е болна тема на секој во индустријата и веќе тешко може да се гледа настан на конкурентен бренд, во кој нема да има обраќање до Тим Кук и компанијата.
Пред неколку дена за време на презентацијата, HTC ја спомена функцијата Live photos, за која не пропушти да сподели дека им била прва доставена на клиентите токму од HTC. Потоа претставувајќи ги новите телефони од HTC додадоа дека не секој кој знае што да си купи, па затоа ја следи толпата и си купува iPhone. Тоа беше малку грубо и ја потцени способноста на корисниците да направат вистински избор.
Нивниот телефон, предизвика коментари во мрежата дека HTC One А9 e копија на iPhone во однос на дизајнот, а HTC ги префрлија обвинувањата на сметка на гигантот.
HTC дополнително реагираше на обвинувањата, велејќи дека оној што копира всушност е Apple! Од HTC наведувaат дека Apple го презел нивното решение за сместување на антената на металната површина од задниот дел на уредот, а обвинувањата пристигнуваат од луѓе на високи високи позиции во компанијата.
„Ние не копираме. Направивме уникатен метален паметен телефон во 2013 година. Apple ги копира нашите уреди, посебно антената во вид на линија на задниот дел. А9 е потенок и полесен од нашите претходни метални смартфони. Ова е промена и еволуција, ние не копираме никого”, изјави претседателот на HTC за Северна Азија, Џек Тонг.
Инаку, HTC One A9 нуди 5-инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 1080p. Под капакот имаме Snapdragon 617 чипсет со octa-core процесор со четири јадра Cortex-A53 на 1.5GHz и уште четири A53 на 1.2GHz, Adreno 405 GPU ќе одговара за графиконот, а оперативната меморија е 2 или 3 GB. HTC One A9 доаѓа во верзии со 16 и 32GB внатрешна меморија, во комбинација со слот за microSD.
HTC сподели дека One A9 е дизајниран од нула, со тоа што ги носи во себе само елементите од своите претходници, како што се лентите за антената што ја видовме за прв пат во HTC One M7 во 2013.
One A9 е со дебелина од само 7,2 милиметри. A9 има и Home копче што крие во себе скенер за отпечатоци. Со него може да се отклучи телефонот и да го користите за плаќања во Play Store, благодарение на Android 6.0 Marshmallow.
HTC One A9 има 2,150 mAh батерија, поддржува Quick Charge 2.0 (и 3.0), но за целта ќе ви треба соодветно 15W HTC полнач што се купува одделно. HTC ќе предложи и Dot View II Кејс за One A9, кој ќе овозможува да го контролирате со гестови. Уште еден од додатоците кон овој модел ќе бидат HTC Pro Studio In-Ear слушалките со кој BoomSound навистина ќе може да се почувствува на сосема друго ниво.
Главната камера на One A9 е со 13MP сензор со оптичка стабилизација и 1080p можност за снимање на видео. Предната камера е 4MP UltraPixel со бленда f / 2.0.
HTC One A9 ќе биде достапен од првата недела на ноември во сребрена, сива и златна боја. Цените се уште не се објавени официјално.