Дали Google станува нашиот колективен ум?

Повеќе... Според некои пресметки, Google има над половина милион сервери кои секој месец ја надминуваат базата на податоци еквивалентна на најголемата библиотека. Повеќе од половината на корисниците на интернет го користат Google каде секој ден се прават над 400 милиони пребарувања. Полека, нo сигурно, Google станува нашиот колективен мозок.


0_24.jpgСпоред некои пресметки, Google има над половина милион сервери кои секој месец ја надминуваат базата на податоци еквивалентна на најголемата библиотека. Повеќе од половината на корисниците на интернет го користат Google каде секој ден се прават над 400 милиони пребарувања. Полека, нo сигурно, Google станува нашиот колективен мозок.

Земете го само во предвид фактот дека сега Google е во можност да предвиди епидемија на грип, недели порано, едноставно следејќи ги пребарувањата за термини поврзани со грипот и лоцирајќи ги на одредено подрачје. Со оваа цел Google го лансираше сервисот Google Flu Trends. „Од технолошка гледна точка, ова е само почеток“ според Eric E. Schmidt од Google. Ако тоа е почеток што е следното?

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Ако прифатиме дека Google станува складиште на сите наши информации (преку енормната веб архива со преку 25 билиони страници) и  на сите наши прашања (преку нашите 400 милиони пребарувања на ден), не е далеку од вистината да се каже дека со поседување и на влезните и на излезните информации, станува светски колективен мозок.

Ако Google може да ги предвиди епидемиите на грип, може да се претпостави дека неговите инжинери исто така можат да го предвидат и колективното расположение во однос на термините на пребарување, нашите надежи, соништа и сл. Судејќи според најчестите термини за пребарување на Yahoo (со Бритни Спирс на прво место) овој пребарувач може да му биде само тинејџерски роднина на гигантот Google.

- Реклама -