Најк го креираше првиoт touch-sensitive LCD кошаркарски терен во светот. Првиот тренинг му припадна на Коби Брајант, кој е и официјално заштитно лице на проектот.
Теренот има вградени сензори што го следат движењето на секој играч, индивидуално. Исто така, на „паркетот“ можат да се прикажуваат тренинг вежби и стратегии за играчите да ги следат, како и статистики за перформансите.
Игралиштето е лоцирано во Шангај, а го носи името „Куќата на мамба“, во чест на Коби Брајант, кој меѓу фановите е познат и како „Црна Мамба“. Сето ова е дел од кампањата Nike Rise – натпреварување во кое се трага по најдобрите млади кинески играчи.
Една од крајните консеквенци на ваквиот терен би била можноста тренерите во реално време да им даваат инструкции и упатства за движење на играчите. Додуша, досега тоа го правеа со довикување, но имплементацијата на touch-терените во кошарката многу повеќе би го доближила спортот до играње видео-игра со вистински луѓе.
Дали е ова иднината на кошарката? Како и за се друго, времето ќе покаже.