Дали да очекуваме брз интернет во авионите, возовите и бродовите?

Се повеќе сериозна станува желбата на потрошувачите да користат безжичен интернет, без разлика каде се наоѓаат и дали се во движење. Потребите за користењето на мобилни уреди во секое време и насекаде веќе го направи дозволено користењето на интернет во голем број транспортни средства, а во Велика Британија, властите размислуваат да пуштат и побрз интернет за авиони, возови и бродови.

Wi-Fi

За да се случи тоа британската служба за телекомуникации го одобри користењето на нова технологија за сателитски комуникации во кабините на возилата. Дозволениот опсег за употреба од 4128 MHz ќе овозможи околу 10 пати подобра покриеност, за разлика од она кое го има во моментов.

До сега, за да да добијат пристап до интернет, патниците обично ги користеа сателитските платформи или 3G, но сега ќе се воведе нова технологија која на компаниите ќе им даде можност да обезбедат постабилна врска и брзина на воздухот или водата.

Во САД многу авиони имаат интернет пристап, благодарение на сателитот ViaSat-1, па така на пример ако си доплатите, авиокомпанијата JetBlue ќе ви даде пристап до услугата Fly-Fi. Освен тоа, во САД работи и Wi-Fi системот Gogo, кој дава можност за користење на мрежата и до 9 километри височина.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -