Дали би забележале кловн на моноцикл?

4029136793_c2e335ec51_mОдите по улица, зборувате на мобилен и одеднаш пред вас се појавува кловн што вози моноцикл. Верувале или не, ваквата несекојдневна ситуација ќе ја забележат само 25% од луѓето кои зборуваат на мобилен телефон.


4029136793_c2e335ec51_mОдите по улица, зборувате на мобилен и одеднаш пред вас се појавува кловн што вози моноцикл. Верувале или не, ваквата несекојдневна ситуација ќе ја забележат само 25% од луѓето кои зборуваат на мобилен телефон.

Неодамна нучниците направија истражување со луѓе кои разговараат на мобилен телефон и одат по улица, за да покажат колку всушност оваа наша омилена играчка ни го одвлeкува вниманието во секојдневните едноставни задачи. Случајните испитаници биле прашувани дали забележале нешто необично на местото каде имало кловн на моноцикл кој бил дел од истражувањето. Во споредба со поедниците кои оделе сами, во пар или слушале музика на Ајпод, групата која телефонирала била најмногу преокупирана со таа активност – само 25% од луѓето го забележале кловнот на моноцикл. За споредба, повеќе од 50% од луѓето кои немале мобилен во ракатa го забележале истиот.

Исто така, корисниците на мобилен телефон имале потешкотии во изведувањето на наједноставни задачи, како што е одењето – активност за која се потребни многу малку когнитивни вештини. Истите оделе побавно, често ја менувале насоката, закривувале и поретко ги препознавале другите поединци.

Ira E. Hyman од Универзитетот Western Washington, главниот истражувач во студијата, изјави: „Ако луѓето имаат толкави потешкотии во изведување на задачата одење кога зборуваат на мобилен телефон, замислете си само што значи тоа во контекст на сигурното возење. Не треба дa се вози и да се зборува на телефон, колку и да ни се чини дека имаме контрола врз работите.“

Студијата покажа и дека врз вниманието на испитаникот не влијае факторот колку добро ја познава околина во која се движи.

- Реклама -