Дали Apple подготвува iPad Mini?

Apple подготвува помала верзија на iPad за време на празничната сезона во 2012 година според извештај составен откако Google и Microsoft најавија сопствена таблет понуда.

Најновиот iPad ќе има екран помеѓу седум и осум инчи – намалување од стандардните 9,7 инчи на трите претходни верзии но нема да го содржи retina display системот воведен во iPad овој март. Оваа нова направа се очекува во првата половина на октомври.

Шпекулации за некој тип на “iPad Mini” постојат веќе долго време, но овие најнови теории се појавуваат на крајот на месец во кој и Microsoft и Google најавија направи чија цел ќе биде заземање на дел од растечкиот пазар на таблет компјутери.

На настан во средината на јуни Microsoft го демонстрираше Surface таблетот кој има опција за магнетно прикачување на физичка тастатура но чија цена или достапност сè уште не е позната. Минатата недела пак на сопствената конференција Google го најави Nexus 7 таблетот кој ќе работи на Jelly Bean, најновата верзија на Android оперативниот систем.

Но според еден аналитичар помал iPad ќе биде лансиран за време на празниците и негова цел ќе биде да привлече корисници кои инаку би биле привлечени од производот на Google или Microsoft и потенцијално Amazon чиј Kindle Fire останува популарна (и поевтина) алтернатива за iPad.

„Ова ќе биде најлошиот кошмар на конкурентите“ изјавил Шо Ву, аналитичар од Sterne Agee & Leach Inc. „Топката се врати во рацете на Apple.“ Дали најновиот извештај за iPad Mini ќе стане вистина? Ако е така дали тој ќе успее целосно да ја наруши продажбата на Google Nexus 7 и Microsoft Surface или ќе биде само уште еден рамноправен конкурент? [Apple Said to Plan Smaller IPad to Vie With Google Nexus]

- Реклама -