Тибетскиот духовен водач смета дека насилството што го извршуваат терористите на Исламска држава воопшто не е направено од муслимани.
Изјавата е дел од говорот што го одржа во Европскиот парламент во Стразбур, во кој меѓу останатото, посвети внимание и на темата на тероризмот. Во продолжение го објасни својот став:
„Будистички терорист, муслимански терорист – тоа е погрешно. Било која личност што сака да се впушти во насилство, веќе не е вистински будист или муслиман“.
Според неговите зборови, учењето на муслиманите вели дека кога еднаш ќе се впуштите во крвопролевање, веќе не сте вистински следбеник на исламот.
„Сите големи светски религии носат иста порака: порака на љубов, сомилост, простување, толеранција, задоволство, самодисциплина…
„Заради тоа, тоа е заедничко тло и заедничка пракса, и на таа основа можеме да градиме хармонија на темелот на взаемното почитување, взаемното учење, взаемната почит“.