Daimler ќе вработува мигранти

Главниот извршен директор на германскиот автомобилски концерн Daimler, сопственик на брендот Mercedes, Дитер Цетче најави дека компанијата планира да бара засилувања за работната сила на компанијата во камповите за мигранти.

„Ние ќе ги информираме бегалците во центрите за прием за можностите и условите за работа во погоните на нашите добавувачи во Германија или директно во Daimler“, истакна Цетче за Bild am Sonntag.

„Повеќето мигранти се млади, добро образовани и високо мотивирани. Токму такви луѓе бараме. Тие можат, како пред неколку децении што направија гастарбајтерите, да ни помогнат да ја зачуваме и зголемиме благосостојбата“.

Според него Германија веќе не може да исполнува потребните за работни места само со Германци. Во август во Германија без работа биле 2,8 милиони луѓе – најниско ниво на невработеност од август 1991 година.

- Реклама -