Во мемоарите на првата жена на Осама Бин Ладен, таа открива како е да се живее со „тиран кој ги тренира сопствените деца да бидат бомбаши самоубијци.“
Во мемоарите на првата жена на Осама Бин Ладен, таа открива како е да се живее со „тиран кој ги тренира сопствените деца да бидат бомбаши самоубијци.“
Во книгата која зборува за времето кое го поминала со Осама Бин Ладен, Najwa Ghanem раскажува како станала мајка на 11 од неговите 14 деца поради филозофијата на нејзиниот сопруг дека на Исламот му се потребни повеќе воини. Милионерот Бин Ладен не дозволувал никакви современи апарати во нивниот дом, одбивајќи го современите методи дури и за да се лечи нивниот син кој боледувал од астма.
Овие шокантни приказни за тоа како е да се живее со еден од најбараните луѓе во светот беа раскажани од Najwa заедно со нејзиниот четврти син, Омар, во нејзините мемоари кои ќе бидат издадени идниот месец. Таа во нив се сеќава како во 1990, Бин Ладен го однел своето семејство со четирите сопруги и 14-те деца на кампување во пустина во Судан. Откако нашол изолирана точка, Бин Ладен им наредил на своите деца да ископаат дупки во песокот и сите, вклучувајќи ги и оние на двегодишна возраст, биле принудени да влезат внатре. Според зборовите на нивниот татко ова било тренинг кој требало да ги подготви за идната војна помеѓу Западот и Муслиманита. Кога децата се пожалиле на тоа дека им е ладно Бин Ладен едноставно им рекол да се покријат со песокот и дека ќе им биде топло „под она што им го дала природата.“ Najwa која не се спротивставила на таквиот третман на нејзините деца вели: „Се потсетив себеси дека мојот сопруг знае многу повеќе за светот отколку кој било од нас. Ние сите му бевме драгоцени нему, и тој сакаше само да не заштити.“
Четвртиот син на Осама Бин Ладен и Najwa, Омар (види фото), побара егзил во Велика Британија минатата година, но влезот во државата му беше одбиен заради шпекулациите дека тој сè уште е лојален на својот татко. Тој претходно призна дека поминал низ суровиот тренинг со лидерот на Ал Каеда во Авганистан, но го напуштил откако ги отфрлил убедувањата на татко му.
Najwa е прва братучеда на Осама бин Ладен и тие стапиле во брак кога таа имала 15, а тој 17 години. Таа повеќе од 30 години живее во пурдах, каде и е дозволено да ги гледа само другите членови од нејзиното семејство. Таа во своите мемоари, напишани со помош на синот Омар, вели дека во куќата на Бин Ладен телевизорите и телефоните биле забранети, играчките на децата биле уништувани, дури и нивните миленичиња не биле сигурни од неговиот религиски фанатизам, а не се воздржувал од тоа да ги тренира сопствените деца за кога ќе пораснат да бидат бомбаши самоубијци. Додека Najwa сè уште е во брак со Бин Ладен, таа вели дека со него не зборувала од уривањето на близначките и дека не знае каде е. Таа сега живее на тајна локација на Средниот Исток со нејзиниот син Омар. Бин Ладен има уште три сопруги – од кои една од нив е избрана од Najwa лично. [Living with Osama bin Laden: First wife tells of husband’s bid to train his sons as suicide bombers]