Да се воведе трофеј „Синиша Михајловиќ“ за најдобриот во неговата специјалност!

Фудбалскиот свет продолжува да тагува во трагичната вест за прераната смрт на Синиша Михајловиќ, кој на 53-годишна возраст почина од леукемија, а многумина бараат начин како најдобро да се сочува сеќавањето на легендарниот фудбалер и тренер.

Најдалеку во предлозите отиде израелскиот новинар Михаел Јохин, кој од УЕФА и ФИФА побара да се воведе трофеј „Синиша Михајловиќ“, со кој секоја година би се наградувал стрелецот на најдобриот гол од слободен удар. Причина за ова е фактот што Србинот важеше за еден од најдобрите изведувачи на прекини во историјата, а се уште е рекордер во Серија А со 28 голови постигнати од слободен удар.

- Реклама -