Да не ти влезе ДиКаприо во фамилија: Пред 30 години со Кејт Мос, сега со сестра ѝ

49-годишниот Леонардо ДиКаприо има нова девојка, а се работи за сестрата на манекенката Кејт Мос, која е една од многуте негови поранешни партнерки.

Лео бил забележан како се забавува со 25-годишната Лоти Мос во Мерилебон (шик област со ретро атмосфера во Лондон), додека излегувале од ресторан. Според очевидци, изгледале навистина блиски.

Младите се забавувале до раните ноќни часови во средата и изгледало дека уживаат во друштвото, пишува „Дејли мејл“.

„Кога Леонардо и Лоти се во иста просторија, природно тие се привлекуваат еден кон друг. Тие разговараа и се смееја до ситните ноќни часови кога беше време да се заврши. Тие го напуштија клубот во раните часови откако одлично се забавуваа. Направија луѓето да зборуваат, и двајцата се познати личности кои сакаат добро да се забавуваат“, изјавил изворот за „Дејли Мејл“.

Лоти е полусестра на Кејт Мос, од таткова страна. Суперпознатата Кејт Мос, имала врска со ДиКаприо пред 30 години.

- Реклама -