Да или не? Кармин во две бои

Оваа пролет меѓу дизајнерите се издвојува нов тренд – карминот во две бои – најчесто во темно розова и црвена.

Двете нијанси се секојдневни, но во комбинација се добива резултат со кој ќе изгледате оригинално.

Можете да создадете најразлични експерименти со слична визија, како на пример, горната и долната усна да бидат во различна нијанса на розова или праска.

lepore-bty-f10-007

Иако ова не е тренд кој би го носеле секој ден, сепак е интересен за повремена промена.

Би можеле да носите слична шминка во дискотека, но задолжителен услов е да не правите комбинации со шминката на друг дел од лицето, туку само на усните.

holly-fulton-bbt-s13-001

Одберете понеутрални бои за облеката кои ќе го балансираат карминот во две бои.

Стилот „омбре“, се состои од две различни нијанси, затоа ви предлагаме неколку идеи, во видеото во продолжение.

- Реклама -