Да, и Ескимите користат фрижидер. Знаете ли зошто?

Чувањето на храната во фрижидер е најчестиот метод за зголемување на трајноста. Сепак, чувањето на храната на ниска температура не ја стерилизира храната, како што многумина мислат, ниту ја прави трајна, туку само го забавува размножувањето на микроорганизмите и ги успорува хемиските процеси кои влијаат на нејзиниот квалитет.

Сеедно, повеќето претпоставуваат дека на оние кои живеат во деловите на светот каде што температурите се исклучително ниски (Ексимите, на пример), не им се потребни фрижидери. Ама не е така. Дури и Ескимите користат ладилници, но причината е малку поинаква. Имено, тоа го прават за да не им замрзне храната. Кога не користат ладилник, храната ја ставаат во торба направена од кожа на фока, добивајќи го истиот ефект.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -