Д-р Стојанов: Во Скопје веќе не се познати кластери, вирусот е насекаде

Од вкупно 3.611 активни случаи на Ковид-19 во земјава, во главниот град има 1.987. Денеска по подолго време, со Скопје бројката е под 2 илјади. Но, и ситуацијата е поинаква.

Според д-р Александар Стојанов – новиот в.д. директор на Центарот за јавно здравје Скопје, за разлика од почетокот на минатиот месец, кога надлежните инсистираа дека можат да ја контролираат заразата, сега вирусот не е раширен само во познати кластери, туку практично во сите делови на градот.

Во изјава за „Сител“, тој вчера објасни дека кога се во кластери, полесно е да се изолираат луѓето, но сега, вели, вирусот е излезен надвор и секој може да заболи секаде. Промени, вели има и во Чаир. Иако оваа скопска општина сѐ уште предводи со повеќе од 400 активни случаи, не е како порано, вели тој.

Во однос на контролата на ситуацијата, Стојанов признава:

„Може да се каже дека ја носиме ситуацијата сѐ додека имаме можност за хоспитализација. Кога бројот ќе биде голем да нема каде да бидат сместени, е тогаш е лошо, како што имаше ситуации во некои развиени земји“.

Стојанов е загрижен и поради статистиката на смртни случаи, но загрижен е и дека вирусот во меѓувреме можеби мутирал, бидејќи, како што вели, сѐ повеќе млади здрави лица заболуваат и завршуваат на респиратор или кислородна поддршка. Директорот на ЦЈЗ дури има впечаток дека сега е обратно – дека вирусот повеќе ги напаѓа младите отколку повозрасните… (разговорот погледнете го ТУКА).

Според тековните податоци, бројот на активни случаи во Скопје, по општини, изгледа вака:

• Чаир – 409
• Аеродром – 150
• Бутел – 162
• Гази Баба – 189
• Центар – 143
• Карпош – 163
• Сарај – 149
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 114
• Студеничани – 110
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 50
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 14
• Зелениково-6
• Странец – 2
• Нераспределен- 65

 

- Реклама -