Д-р Пановски: Се знае од каде се шири вирусот, угостителските објекти треба да се затворат

Сите мерки се залудни сѐ додека работат кафаните, кафулињата, фитнес-клубовите, коцкарниците и обложувалниците, вклучително и полицискиот час од 22 до 5 часот – смета микробиологот Никола Пановски.

Според него, неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.

„Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски – никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија; Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи. А друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на еден до друг на 30см, без маски“, вели Пановски за ТВ „Алфа“.

- Реклама -