Д-р. Хаус спасува животи преку ТВ екраните, буквално

Еден германски пациент, повеќе од една година страдал од симптоми чиј предизвикувач бил енигма за докторите.

Прогнозата била лоша. Срцето на пациентот почнало да откажува, видот и слухот се влошувале, а пациентот пател и од желудочен рефлукс, отоци на лимфните жлезди и необјаснива температура.

Тогаш, еден од докторите кој го примил 55-годишникот во Марбуршкиот центар за недијагностицирани болести, се сетил на епизодата од најпознатата ТВ серија од областа на медицината, во која тимот на доктор Хаус се посомневал на труење со кобалт.

droz12e[1]

Испитувањата ги потврдиле сомнежите, а како извор на труењето се покажал истрошениот протетички колк кој по откритието бил заменет со нова, керамичка протеза.

„Веднаш по замената на дотрајаниот колк, нивоата на кобалт и хром во крвта почнаа да се намалуваат, а здравјето на пациентот се стабилизараше“, се наведува во медицинскиот извештај.

По една година од замената на протезите, работата на срцето кај пациентот се подобрила за 40 проценти, а температурата и рефлуксот наполно исчезнале. Дури и видот и слухот му се подобриле, и покрај претешките оштетувања предизвикани од кобалтот.

Лидерот на докторскиот тим, Јурген Шефер, потврдува дека епизодата од „House“ била од голема помош, бидејќи без неа немало да биде свесен за проблемите што можат да бидат предизвикани од овој метал. Се разбира, при дијагностиката се служеле и со други дијагностички методи, додава тој.

Серијата „House“ е направена според вистински медицински истражувања, а Шефер редовно ја користи во предавањата, за да им обрне внимание на студентите на некои од екстремно ретките и необични болести.

„Серијата е пример како една солидно направена забавна програма може да биде и едукативна, а и да спаси живот“, вели Шефер.

- Реклама -