Д-р Беќаровски: На 11 октомври можеме да славиме победа над Ковид-19

„Ако од денес до 10 октомври СИТЕ, ама баш сите до еден, се придржуваме на 3 толку прости правила (2 метри, маска, миење раце), на 11 октомври може да прогласиме победа над КОВИД-19“, порачува на Фејсбук д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

„Ако и понатаму сме НЕОДГОВОРНИ“, продолжува тој, „на 11 октомври ќе го славиме почетокот на борбата против фашизмот, но и дефинитивниот ПОРАЗ од невидливиот непријател. #11ОктомвриДенНаОдлука“, напиша докторот.

 

- Реклама -