Цукерберг се журкал до бесвест на „rave“ забава во ЛА

zuckerberg rave

На фотографијата јасно се гледа момче кое изгледа исто како директорот на Facebook, а се наоѓа на „rave“ забава во Лос Анџелес. Сепак, на многумина им е тешко да поверуваат дека станува збор за Марк Цукерберг.

На Интернет се појави фотографија за која на многумина им е тешко да поверуваат дека не е фотомонтажа, но, никогаш не се знае.На фотографијата од една „rave“ забава во Лос Анџелес може да се види едно момче кое очигледно е пијано и изнемоштено од лудување, а кое неверојатно потсетува на директорот на FB, Марк Цукерберг.

Gawker јавува дека Цукерберг не ја потврдил автенитчноста на фотографијата, но ди-џејката Дори, која таа вечер пуштала музика, на својот официјален Facebook профил објавила дека фотографијата е од пред три години, а во еден од коментарите стои дека момчето навистина е Цукерберг.

Прочитајте и:  Рециклирање електронски отпад до ретки метали

„Да, навистина е тој. На забавата музика пуштаа и двајца инжинери од Facebook“, напишала Дори.

Цукерберг е познат како голем фан на Green Day и Тејлор Свифт, но очигледно и електронската музика не му пречи.

- Реклама -